По Дивиченцо, Минесота остана и без Едвардс

36

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, заработи повреда на левото колено во четвртиот натпревар од плејоф серијата од првото коло на Западната конференција против Денвер и ќе биде надвор од терените неколку недели.

Според информациите што ги објавија американските медиуми, Едвардс има модринка на коската и истегнување на коленото. Проценките се дека еден од најдобрите играчи на Минесота би можел да биде надвор од терените неколку недели, што го става под знак прашалник неговиот настап во остатокот од плејофот.

Во истиот натпревар, Минесота беше и без бекот Донта Дивиченцо, кој ја скина Ахиловата тетива и ја заврши сезоната, а неговото враќање во натпреварувачки ритам следната сезона е исто така неизвесно. Петтиот натпревар од серијата ќе се игра во понеделник навечер во Денвер.

ПретходноЗдодевно реми на Милан и Јуве во битката за ЛШ