Шкемби: Заслужено се пласиравме во четвртфиналето!

0

Струга Трим Лум се пласираше во четвртфиналето на Купот на Македонија откако славеше против Беласица со 2-0.

Тренерот Бледи Шкемби по победата потенцира дека е задоволен од играта и од пласманот во 1/4 финалето, особено од младите играчи кои добија шанса на оваа средба.

 „Секако дека сме задоволни од пласманот. За овој натпревар решивме да им дадеме шанса на фудбалерите кои имаа помала минутажа во текот на оваа недела и мислам дека овој дуел ни беше многу корисен и во тој поглед. Сметам дека младите играчи одиграа добро и дека на крајот заслужено се пласиравме во четвртфиналето.“, изјави предводникот на Струга Т.Л. 

ПретходноАморим: Бевме исцрпени уште од првата минута, не барам оправдувања