Чупиќ пред дербито со Пелистер: Фаворитската улога е наша, мора да победиме!

94

Вардар ја заврши својата мисија во Лигата на шампионите, но продолжува со натпреварите на меѓународната сцена. Како последнопласиран во својата група, ќе игра во Европската лига.

Иван Чупиќ и неговите момци мора што поскоро да се рехабилитираат од тешкиот натпревар против Мелсунген и целосно да се свртат кон домашната сцена. Таму ги очекува пресметка со Пелистер на домашен терен, прва оваа сезона.

Вардар е единствениот тим со перфектен скор, осум победи во исто толку одиграни натпревари, а Чупиќ најави дека неговите момци мора да одиграат подобро отколку на последниот дуел во Лигата на шампионите.

„Играме големо дерби. Им кажав на момците дека фаворитската улога е наша и така треба да се поставиме во недела. Како екипа која игра во Лигата на шампионите, но и како тим кој има најдобар ростер во Суперлигата и игра пред своите фанови, мора да ја преземе фаворитската улога. Вака се поставивме против Охрид, вака мора да се поставиме и против Пелистер. Сите знаеме дека мора да победиме. Пелистер игра специфичен ракомет, па затоа моите играчи мора да одиграат на повисоко ниво“, изјави Чупиќ на прес-конференцијата.

Натпреварот меѓу Вардар и Пелистер е закажан за во 17:45 часот.

ПретходноИнтер Мајами се спаси во последната минута, херојот не беше Меси (ВИДЕО)
СледноДобри вести: Компани е пуштен од болница, позната е причината за неговото колабирање