Кадетите ќе се борат за медал, си закажаа полуфинале со Србија

149
during the ISF World School Handball Championship on April 22, 2026 in Skopje, Former Yugoslav Republic Macedonia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Македонската машка кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет, откако на последниот натпревар од групната фаза ја победија Саудиска Арабија со 11-23.
За место во финалето избраниците на Горан Кузманоски ќе играат против Србија.

Нашите момци уште на стартот го наметнаа своето темпо, цврстата одбрана и одличниот напад на одморот им донесоа позитива од 10-6.

И после одморот не се смени ништо, Македонија продолжи да доминира, во 37 минута за првпат поведе со двоцифрена разлика од 8-18. Тука веќе беше јасно дека нашите кадетки ќе завршат победнички.

Нашите кадети до сега имаат максимален скор, четири победи во исто толку одиграни натпревари.

Полуфиналето се игра утре во салата “Македонско Сонце”, најверојатно со почеток во 12:30 часот.

ПретходноЕлен предизвика сообраќајна несреќа, повредени неколку лица од раководството на клубот на Трајковски
СледноСалах го одигра последниот меч за Ливерпул! Сега Египет е во паника…