Стоилов и Милано повторно се споија (ФОТО)

446

Македонската кадетска репрезентација на дуелот против С.Арабија, последен од групната фаза имаше максимална поддршка.

На трибините можеа да се видат бројни македонски ракометни легенди, а една од нив беше и Стојанче Стоилов. Поранешниот репрезентативец и иден тренер на Бутел Скопје мечот го проследи во друштво со екс-тренерот на Вардар, Гиљермо Милано.

Аргентинецот е во Скопје со делегацијата на Саудиска Арабија, тој е селектор на сениорската репрезентација на оваа земја. Стоилов и Милано имаат одлична соработка минатата сезона.

Во Скопје се одржува Светското училишно ракометно првенство, а Македонија во машка и женска конкуренција утре ќе игра полуфинале.

ПретходноЛампард повторно на клупата на Челзи? Еве каков е неговиот одговор!
СледноЗдодевно реми на Милан и Јуве во битката за ЛШ