Кошаркарската федерација на Македонија денеска објави дека и официјално се пуштени во продажба билетите за претстојниот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, помеѓу Македонија и Ирска, кој што го играме на домашен терен.
Натпреварот ќе се игра на 2. јули, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со почеток од 18.часот.
Цена на влезниците е 200 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
http://ЛИНК: Влезници за натпреварот – Македонија- Ирска










