СП за училишта: Кадетите и кадетките денеска во битка за финале!

171

Двете кадетски репрезентации на Македонија денеска на Светското училишно првенство во ракомет ќе се појават во битката за медалите. На програмата се полуфиналните натпревари во кои и двете наши селекции влегуваат со желба за место во големото финале.

Први на сцена ќе стапат кадетките, кои од 10:30 часот во салата „Македонско Сонце“ во рамките на ооу „11 Октомври“ за противник ја имаат силната селекција на Турција. Последната драматична победа над Бразил покажа дека нашите млади ракометарки имаат карактер за борба до крај, па и денеска очекуваме еден цврст натпревар.

Веднаш по нив од 12:30 часот во истата сала на програмата е мечот на нашите кадети. Тие во полуфиналето во машка конкуренција за противник ќе ја имаат силната селекција на Србија. Избраниците на Горан Кузмановски досега беа перфектни, па се надеваме дека со нова победа ќе ги видиме и во големото финале.

И двете наши селекции заслужуваа добра посета и поддршка од трибините.

Во преостанатите две полуфиналиња ќе се сретнат: Романија и Хрватска (ж) и Израел и Хрватска (м).

ПретходноХоландија на Мундијалот без Чави Симонс
СледноСтруга Трим Лум сака со триумф над Силекс да ја разбие домашната бариера