Вечерва на “Олимпико“ во меч од 34.коло во Серија А, Лацио и Удинезе одиграа без победник, 3:3. Беше 2:2, но во 90+3.минута Удинезе преку Ата поведе со 2:3, но тоа не беше се од овој меч. Се играше 90+5.минута кога Малдини израмни за конечни 3:3, за спектакл. Иако важеше за фаворит пред мечот, сепак тимот од Рим не дојде до трите бода или макар кои му беа од голема важност во битката за Европа.
А дека нема да биде едноставно за лацијалите се виде уште во 18.минута кога гостите поведоа со голот на Ехизибуе. По тој гол јасно беше дека Лацио ќе тргне со сите сили во напад. Така и беше а израмнувањето дојде, но дури во второто полувреме. Се играше 50.минута кога Пелегрини стрелаше за 1:1.
Во 80.минута Педро му донесе водство на Лацио и кога сите помислија дека тој е тој гол за победа, така не мислеа гостите кои набргу, во 86.минута преку Ата дојдоа до 2:2. Во судиското продолжение Ата постигна уште еден гол за 2:3, а Малдини израмни за конечни 3:3.










