Македонската машка кадетска репрезентација ќе игра за златен медал на Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски се пласираа во финалето, откако славеа со 30-19 (14-10).
За противник во битката за првото место кадетите ќе го имаат подобриот од Израел и Хрватска, меч кој се игра во 14:30 часот.
И двете финалиња во машка и женска конкуренција ќе се играат во големата сала “Јане Сандански”. Женското е закажано со почеток во 14 часот, додека машкото во 16 часот.
И овој натпревар се одигра пред полни трибини, нашите надежи пред крајот на првото полувреме го скршија отпорот на противникот, на одморот заминаа со водство од 14-10.
Клучната разлика ја направија по само пет минути игра во второто полувреме, кога поведоа со 19-10. До крајот Македонија продолжи да доминира, на средината на овој период имаше мал прекин, откако ракометар на Србија незгодно падна на подот при контакт.
На пет минути до крајот нашите надежи поведоа со двоцифрени 27-17 за крај на сите дилеми, ако воопшто постоеја.
Македонската кадетска репрезентација ја продолжи победничката серија од пет победи во исто толку одиграни натпревари.
Кај нашиот национален тим најдобар стрелец со седум гола е Бобан Поповски, а зад него со пет е Стефан Ѓоргиевски. По четири постигнаа Симоновски и Дамчевски.










