ФФМ организираше инклузивен турнир во Скопје

80

На теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски денеска се одржа инклузивен турнир во рамки на грасрут активностите на ФФМ.

На турнирот учествуваа  осум училишта од Македонија од кои четири за ученици со атипичен развој.

 

На турнирот настапија ОУ Ванчо Прке од Штип со по една екипа во машка и женска конкуренција, ООУ Марко Цепенков од Скопје беше претставено е еден тим во женска конкуренција, како и ООУ Димитар Македонски од Скопје, ООУ Димитар Миладинов Скопје.

Дел од турнирот беа и  ДСУ Искра од Штип со по една екипа во машка и женска конкуренција, ДСУ Св. Наум Охридски со два тима во машка конкуренција, ОУРЦ Климент Охридски од Ново Село, Струмица со екипа во машка конкуренција,  како и ОУРЦ Иднина од Скопје кое беше застапено со машка екипа.

Како и во минатите години, се одиграа повеќе натпревари, постигнати многу голови и многу забава за секој од повеќе од стоте ученици кои беа дел од овој турнир.

ФФМ упатува посебна благодарност до сите учесници како и нивните наставници и воедно продолжува и понатаму да ги поддржува фудбалските активности на сите лица со посебни потреби со што ја потврдува својата силна определба и заложба дека во Фудбалот има место за сите.

 

 

 

ПретходноМакедонските кадети фуриозно до светското злато (ФОТО)
СледноЧаби Алонсо на клупата на Челзи?!