Македонските кадетки го освоија сребрениот медал на Светското училишно првенство (ФОТО)

217

Македонската женска кадетска репрезентација го освои сребредниот медал на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје. Во финалети нашите надежи беа совладани од Хрватска со 26-28 (12-15), ова беше воедно прв пораз за „црвено-жолтите“ на овој шампионат, после петте победи.

Нашите девојки после пет минути игра имаа предност од 5-1. Хрватските ракометарки вратија со 3-0 прво дојдоа на 5-4 во 10-та минута. Противникот после новите плус два за нас (6-4) поведе со 6-8 во 18-та минута. Македонија имаше чисти ситуации, но не успеваше да ги претвори во гол, во овој период дури и имаше нереализиран пенал. Кадетките израмнија на 11-11, но Хрватска повторно ги казни сите грешки на одморот заминаа со позитива од 12-15.

Хрватска продолжи во силен ритам, нам ни одеше тешко во нападот, но и одбраната не беше на ниво, па после седум минути игра негативата беше 14-19. На средината на на второто полувреме резултатот беше 19-23. Нашите ракометарки не се откажаа, но беше потребна поголема цврстина против фаворитот. Македонија сепак блесна на нецели пет минути до крајот дојде на негатива од минус еден (24-25). Три нови грешки ги вратија „црвено-жолтите“ назад, Хрватска ја направи победничката разлика на три минути до крајот 24-28.

После ова финале, следи битката за златен медал во машка конкуренција, Македонија ќе игра против Израел, мечот стартува во 16 часот.

ПретходноАндреј Јовчевски го спасува својот Пелистер пролетва
СледноМицковска им додели признанија на сите кои придонесоа за успешна ракометна светска приказна!