Тежок пораз на Вардар, Монпелје ги остави „црвено-црните“ без шанси за Ф4

136

Ракометарите на Вардар претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Монпелје и практично ги загубија шансите за место на Ф4 турнирот во ЕХФ Европската лига. Вечерва францускиот тим ја искористи предност на домашниот терен и славеше со високи 33:23, со што скоро и да не им остави шанса на нашите ракометари да се надеваат на добар реванш.

Вардар одигра солидно прво полувреме во кое имаше минимална негатива (12:10), но во вториот дел Монпелје искористи се што можеше да искористи и безмилосно ја полнеше мрежата на „црвено-црните“.

Вилемино и Дос Сантос со по 6 постигнати гола беа нејефикасни кај домашните, додека кај Вардар светла точка беа Митровиќ и Да Силва кои истотака завршија со по 6 гола. Треба да се одбележи дека Тузолана предвреме го заврши мечот поради црвен картон.

ПретходноРашфорд има само една желба, да остане во Барселона
СледноЛШ: Полуфинале за паметење, ПСЖ за гол подобар од Баерн во меч со 9 гола! (ВИДЕО)