ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Атомски фудбал во Париз, европскиот првак води 3:2

61
фото: Bayern Munich (X)

Фантастичен фудбал, 5 гола, два пенали и уште најмалку уште три-четири добри шанси видовме во првите 45 минути од првото полуфинале меѓу ПСЖ и Баерн (М) во Париз. ПСЖ на пауза замина со предност од 3:2, но Баерн сигурно нема намера да се предаде.

Баерн прв поведе со гол од пенал. Луис Диаз беше соборен во шеснаесетникот на Сафонов, а Хари Кејн погоди од белата точка за 0:1 во 17. минута.

ПСЖ брзо се опорави и преку фантастичниот Кваратсхелија израмни на 1:1 во 24. минута. Откако во меѓувреме видовме уште по една одлична шанса на двете страни, Невеш со прекрасен гол со глава го доведе домаќинот до 2:1 во 33. минута.

Баерн (М) продолжи да притиска, а неверојатниот Олисе со соло-потег успеа да израмни на 2:2 во 41. минута. Во финишот стигна спорен момент. ВАР реагираше на игра со рака во шеснаесетникот на Германците, Сандро Шерер ја прегледа сигуацијата и покажа на белата точка. Дембеле успеа да погоди за 3:2, но останува отворено прашањето дали овде имаше пенал?

ПретходноХаланд со порака: “Внимавајте, Манчестер Сити следната сезона ќе биде уште посилен!“
СледноРашфорд има само една желба, да остане во Барселона