Штета, голема штета. И дефинитивно РК Вардар вечерва на гостувањето кај Монпелје ќе биде драматично ослабен со неиграњето на двајцата свои најдобри ракометари, Јака Малус и Дмитро Хориха. Оваа вест се официјализира откако ЕХФ ги објави официјалните состави на двете екипи за овој прв меч од 1/4 финалето во Европската ракометна лига кој се игра во Франција вечерва од 20:45 часот.
Неофицијални Малус и Хориха нема да настапат поради болест и повреда.
Секако дека ова ќе биде голем удар за составот на Иван Чупиќ, ако се знае дека Малус и Хориха се клучни ракометари на РК Вардар во досегашниот дел од сезоната. Сепак да се надеваме дека останатите избраници на Иван Чупиќ ќе го дадат својот максимум и ќе дојдат до поволен резултат за да во реваншот во Скопје успеат севкупно да бидат подобри од францускиот тим и се изборат за пласман на Ф4 во Европската лига.










