ФИФА подготвува значајна промена на претстојниот Мундијал!

209
ФОТО: FIFA World Cup/FB

Остануваат уште помалку од два месеци до претстојното СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. Јасно е дека фудбалските фанови со нетрепние ја очекуваат најважната фудбалска смотра а ФИФА подготвува значајна промена кои ќе ги израдуваат сите 48 селекции кои ќе настапат на Мундијалот.

Бидејќи турнирот проширен на 48 репрезентации и вклучува дополнителна нокаут рунда, наспроти веројатноста дека еден тим мора да стигне до финалето, мечевите се зголемуваат на осум. Поради тоа расте и ризикот од суспензија поради жолтиот картон, што е природно ФИФА да реагира. Според најновите информации, ФИФА ќе воведе две „амнестии“ за турнирот со жолти картони. Ова значи дека картоните ќе се бришат во две клучни фази, по групната фаза и по четвртфиналето. Новите правила за суспензии поради акумулирани жолти картони на овогодинешниот турнир во САД, Канада и Мексико треба да бидат одобрени од ФИФА во вторник во Ванкувер. На минатите СП тие се бришеа само по четвртфиналето. Но, со оглед на тоа што ова е проширено Светско првенство со 48 наместо 32 претставници, ФИФА планира да ги промени правилата со кои ќе се обиде да избегне понатамошни суспензии.

ПретходноМЕГА – СКАНДАЛ: УЕФА судија уапсен за наводен сексуален напад врз малолетник!(ФОТО)
СледноКадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!