Од ден на ден се зголемува недовербата на фановите на Реал Мадрид кон Килијан Мбапе, но и од страна на медиумите кои се блиски до најголемиот клуб во светот.
Радио Кадена, кое е наклонето кон кралскиот клуб, имаше свој коментар за Килијан Мбапе. Французинот имаше одличен индивидуален настап оваа сезона, но тоа не му помогна на тимот.
Хуанма Кастањо, директор на емисијата „Ел Партидазо“, презентираше некои иинсајдерски информации:
„Зад затворени врати, Реал верува дека Мбапе не е лидерот што го очекуваа, ниту на теренот ниту во соблекувалната. Тој нема авторитет кај соиграчите, едноставно мора да направи чекор напред ако Реал сака трофеи“, рече Кастањо.
Давид Санчез, новинар на Радио Марко, рече во истата емисија.
„Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот, но многу зависи од тимот. Тој сè уште постигнува многу голови, но многу е потешко да се освојат трофеи во Шпанија отколку во Франција“.










