“Кварацкелија е најдобриот играч во светот!“

81
ФОТО:facebook.com/PSG/

Квича Кварацкелија просто воодушевува со настапите во дресот на ПСЖ. Па затоа легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф е воодушевен од крилниот напаѓач европскиот шампион, толку многу што мисли дека е најдобриот на планетата.
Сидорф по синоќешниот спектакл помеѓу ПСЖ и Баерн (5:4) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, посебно го пофали Грузиецот:
„Кварацкелија е најдобриот играч на светот и ќе биде уште подобар“, посочи Сидорф и дополни:
„Не знам дали засекогаш ќе игра на левата страна бидејќи едноставно знае што да прави во секоја ситуација. Ми се допаѓа неговата интелигенција, во одредени моменти го носи тимот сам. Може да игра како човек повеќе во средината, а во исто време да направи разлика во нападот. Тој е неверојатен“заклучи 50-годишниот поранешен играч на Ајакс, Сампдорија, Реал, Интер и Милан.

ПретходноХакими го пропушта реваншот со Баерн?
СледноТФТ не се избори за мајсторка, но има уште една шанса за јадранската елита