Повеќе од јасно е дека Манчестер Сити го очекува исклучително „букиран“ распоред на крајот од сезоната, со три натпревари за само седум дена кои би можеле да бидат одлучувачки во борбата за домашните трофеи.
Иако Манчестер Сити побара презакажување, односно мала промена на термините, пристигна потврда за распоредот, што би можело да ја отежни работата на Пеп Гвардиола.
Премиер лигата потврди дека одложениот натпревар против Кристал Палас е презакажан за 13 мај. Само три дена подоцна, тимот на Пеп Гвардиола ќе го игра финалето на ФА Купот против Челзи на Вембли, додека на 19 мај ќе гостува кај Борнмут.
Сити веќе го освои Лига Купот, а покрај тоа, се бори за титулата со Арсенал, кој моментално има три бода повеќе, но и натпревар помалку.
Натпреварот против Палас првично беше закажан за викендот од финалето на Лига Купот, додека судирот со Борнмут беше поместен откако Сити го победи Саутемптон за да резервира место во финалето на ФА Купот.
Ваквиот распоред би можел да има големо влијание врз исходот од сезоната и евентуалниот марш на Манчестер Сити до сите три домашни трофеи.
Дома Меѓународен фудбал Англија Манчестер Сити бараше промена на термините, ама доби потежок распоред!










