Милан Ристовски во тимот на колото во Чешка

34

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Милан Ристовски се најде во тимот на 30. коло во шампионатот на Чешка.

Напаѓачот беше стрелец во дуелот на неговиот Бохемианс, против тимот на Спарта Прага во триумфот од 2:0, па нормално е што е одбран во најдобрите единаесет.

Ристовски погоди во 60. минута за водство, а две минути подоцна неговиот тим поведе и со 2:0, по што победата беше осигурана што се вели.

Милан Ристовски сезонава постигна четири гола во дресот на Бохемианс, а го очекуваме во дресот на Македонија за јунските пријателски мечеви.

ПретходноМОК со благодарност до претседателката Елена Мицковска
СледноИзвлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории