Новеска: Вакви првенства ни беа потребни можеби уште порано! Ракометарките одиграа над своите можности!

64

Македонската женска кадетска репрезентација го освои второто место на Светското училишно првенство во ракомет. Во финалето нашите надежи беа сопрени од Хрватска, до овој меч имаа пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Оваа генерација која се уште се гради даде сигнал дека е на добар пат, а ваквите натпревари секогаш се добредојдени.

„Драгоцено искуство, нешто што ни беше потребно можеби уште порано, пред да почнеме да настапуваме на Европски првенства. Имаме пет победи по ред, но во финалето едноставно не издржавме. Неискуството и адреналинот си го направија своето иако имвме кам-бек, сепак направивме грешки, кои во иднина можат да се поправат.

Овие девојчиња навистина имаат потенцијал, проблем е што лигата е премногу мала, имаме мал број на натпревари. Сите го дадоа максимумот и играа над своите можности“, изјави селекторката на кадетките, Даниела Новеска Вељаноска. 

Предводникот на оваа генерација потенцира дека ракометарките го големо срце влегле во финалето, иако не стигнаа до златниот медал, сепак направија голем успех.

„Б Дивизија е реална слика на оваа генерација, го вадиме максимумот, го правиме невозможното. Мора да го продолжиме континуитетот со настапи на вакви натпреварувања, бидејќи тие ќе не донесат и издигнат на ниво на кое посакуваме. Голем успех, иако посакувавме злато, и сребрениот медал е заслужен, со големо срце влеговме на овој натпревар“.

Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан кој се одржал во Македонија на ниво на училишта. Истиот беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

ПретходноЕнрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен
СледноБелистојаноски потпиша со првиот тим на Пелистер