Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов се врати на тренинзите на неговиот тим Левски.
По повредата на рамото и мини паузата во која што го пропушти за жал дербито на Софија против тимот на ЦСКА, Серафимов повторно е дел од тренажниот процес.
Да потсетиме, тој во последно време доби сериозна минутажа во Левски и одигра поголем дел од мечевите на тимот.
Што се однесува до репрезентацијата и последните дуели против Данска и Ирска, доби минутажа на гостувањето во Даблин.










