Чупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен

221

Вардар 1961 го негатива од 10 гола се враќа од првиот четвртфинален натпревар во Европската лига. На гостувањето кај Монпелје беше совладан со 33-23 и сега само чудо може да го однесе во завршницата во ова натпреварување.

Првото полувреме беше многу подобро од второто во кое македонскиот тим беше катастрофален. Во составот Иван Чупиќ ги немаше Хорха и Малус, што пак дополнително влијаеше на целокупната игра.

„Игравме добро дефанзивно и бевме многу дисциплинирани во првото полувреме и се обидовме да ја запреме нивната транзициска игра. Игравме 7-6 за да ги промениме работите бидејќи имавме ограничен состав. Бев разочаран од почетокот на второто полувреме бидејќи направивме грешки, а последната четвртина беше тешка. Генерално, крајниот резултат ми изгледа логичен“, изјави Чупиќ.

Реваншот е закажан за петти мај во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноЕмбид е проблем за Бостон, Сан Антонио после девет години во полуфинале (ВИДЕО)
СледноКузманоски: Ова е златна генерација!