Голем удар за Вардар – за Малус сезоната заврши?

413

Вардар 1961 не успеа да направи важен чекор кон пласманот на фајнл-фор завршницаата. Иако овој тим во минатото ги приредувал најневозможните сценарија, сепак поразот од десет гола разлика е преголем предизвик за „црвено-црните“ во реваншот против Монпеље.

Иван Чупиќ не можеше да смета на двајцата најдобри ракометари. Хориха поради вироза не се најде во составот, ниту пак Малус. Словенецот кој беше прогласен за МВП на Купот на Македонија и цела сезона е лидер на тимот се соочува со сериозна повреда.

Засега не е позната природата на истата бидејќи од таборот на Вардар 1961 не излегоа со дополнителни информации, но нашите извори велат дека за Малус сезоната е завршена. Тој отпатувал во Белград на прегледи, а вестите не се најдобри. Неофицијално е повреда на коленото.

Ова е голем удар за Вардар особено пред реванот со Монпелје, што се однесува до домашната титула тука го дели само еден бод.

ПретходноЛШ: Полуфинале за паметење, ПСЖ за гол подобар од Баерн во меч со 9 гола! (ВИДЕО)
СледноЕмбид е проблем за Бостон, Сан Антонио после девет години во полуфинале (ВИДЕО)