Ембид е проблем за Бостон, Сан Антонио после девет години во полуфинале (ВИДЕО)

60

Џоел Ембид се разбуди. Камерунецот се врати во последниот натпревар, овој пат неговата доминантна изведба беше доволна за Филаделфија да победи со 113-97 во Бостон и да го израмни резултатот на 2:2.

Поранешниот МВП доминираше во второто полувреме, постигнувајќи 33 поени зад него беше Макси со 25 и 10 скока. Браун одговори на другата страна со 22 поени, Тејтум постигна 24, со 16 скока.

За прв пат од 2017 година, Спарси се во полуфиналето на Западната конференција. Тие вечерва ја завршија работата, го победија Портланд со 1114-95. Вембањама имаше 17 поени, 14 скока и шест блокади. Французинот упати само седум шута, офанзивната работа ја завршија Фокс со 21 поен и девет асистенции.

 

ПретходноГолем удар за Вардар – за Малус сезоната заврши?
СледноЧупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен