Светскиот рекордер во маратон откри што јадел пред трката во Лондон!

91
ФОТО:.facebook.com/LondonMarathon/

Во недела на маратонот во Лондон, испишана беше историјата. Кениецот Себастијан Саве (31) го истрча маратон за неверојатни 1:59:30 во неделата, соборувајќи го магичниот време од два часа. Два дена по соборувањето на светскиот рекорд, тој во Германија даде интервју за Билд.
И покрај достигнувањето што ќе остане запишано во историјата на атлетиката, Саве е опишан како тивок, срамежлив и учтив човек кој не сака да прави врева за своите успеси. Неговото ракување е нежно, а поздравува со мало кимнување со главата, вели новинар на Билд. Иако не сака да зборува за својот неверојатен резултат, 42,195 километри истрчани со просечна брзина од 21,2 км/ч, тој направи исклучок за Билд:
„Лондон има одлична патека што ја знаев од претходно. Сепак, брзината што ја истрчавме во неделата беше изненадување. Немав поим дека ќе бидам толку брз. Кога го видов времето, не можев да им верувам на своите очи. Само продолжив да трчам и на крајот бев пресреќен“, рече Саве и откри што јадел пред трката…
„Пред трката издедов две кришки леб со мед и испив шолја чај. Тоа беше сè. Порано јадев три кришки, но сега намалив“, откри тој.

Претходно“ПСЖ – Баерн? Уживаа само тие кои не го разбираат фудбалот“
СледноХакими го пропушта реваншот со Баерн?