ШК Алкалоид е најдобар клуб на Светското екипно првенство во шах за сениори!

64

ШК Алкалоид, кој важи за најтрофејниот шаховски колектив во Македонија, го заврши настапот на Светското екипно првенство за сениори на делба на осмото место. Селекциите на САД и Италија го поделија првото место, а Казахстан заврши како трет.

На ова СП, ШК Алкалоид се натпреваруваше во категоријата на шахисти над 50 години, но откако испушти победа против Италија во меч од 6.коло, на крајот на турнирот не успеа да освои поени против Казахстан и Англија и заврши со десет освоени бода.

Да кажеме дека на стартот, тимот составен од ВМ Трајко Недев, ВМ Ѕвонко Станојоски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Роландо Кутиров и ЖИМ Габриела Коскоска беше рангиран како шести носител според просечниот рејтинг, но шансата за медал за малку беше испуштена од македонските шампиони.

Инаку во конкуренција на повеќе светски репрезентации, ШК Алкалоид е најдобро рангиран клуб, бидејќи следниот Универзитат Политекника Каталуња е зад нив со послаб тај брејк.

На турнирот над 65 години, Германија беше најдобра со Артур Јусупов на првата табла, Италија заврши како втора со 14 бода, додека Исланд беше трет и тоа како најдобар од четири екипи кои завршија со по 13 бода.

ПретходноСаботен спектакл: ГРК Охрид организира фан – зона пред дуелот со Целје!(ФОТО)
СледноЕве што си кажаа Енрике и Компани откако нивните екипи го одиграа најдобриот меч во историјата!(ВИДЕО)