Кожув со победа над ТФТ ја заокружи сезоната

56

Со победата на домашен терен од 91-79 над тимот на ТФТ, екипата на Кожув ја заврши актуелната сезона во суперлигата во кошарка.

Во меч во кој што немаше никакво бодовно значење, Кожув успеа да го совлада фаворитот, кој што и покрај поразот ја задржа лидерската позиција на табелата.

Од друга страна пак, гевгеличани немаа шанси за да се пласираат во полуфиналето, односно во самата завршница.

Клучен дел од мечот беше првата четвртина, која што Кожув ја доби со 31. постигнат поен. ТФТ секако со својот квалитет не дозволи домаќинот тотално да се рамавне но Кожуф константно ја одржуваше предноста која што ја имаше од самиот старт.

Бојчев со 16 и Василевски со 15 поени најдобри кај домаќинот, а за ТФТ Ташовски со 24, Стојанов со 19 и Стојановски со 17 поени најдобри поединци. Во полуфиналната серија ТФТ ќе се сретне со Маџари, додека МЗТ Скопје за противник ќе го има битолски Пелистер.

 

 

 

ПретходноКарик: Мечот против Ливерпул е еден од моите омилени
СледноВенеција се врати во Серија А