Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ предмалку постигна девет поени, шест скока и пет асистенции во победата на неговиот тим Баерн Минхен против Алба Берлин во рамките од новото коло од германската ББЛ лига.
Конечниот резултат гласи 85:79, а Нено имаше улога на стартер на овој меч. Истиот беше исклучително неизвесен и интересен со до последните моменти. Баерн беше посконцентриран во самата завршница и последната делница ја доби со клучните 29:23.
На овој начин Баерн си ја зацврсти првата позиција на табелата со 52 бода, а токму Алба е втора со 46.










