Саму Коста е херојот на Мајорка вечерва

102

Во директниот дуел на екипи кои што се борат за опстанок во шпанската Примера, вечерва тимот на Мајорка обезбеди екстра важна победа на гостувањето кај Џирона со минимални 0:1.

Единствениот погодок на овој меч го постигна португалецот Саму Коста во 43. минута за водство на гостите, гол кој што подоцна ќе се покаже и како одлучувачки на дуелот.

Со оваа победа Мајорка се изедначи во бодовите токму со Џирона и сега овие два тима имаат по 38 поени. Мајорка има подобра гол разлика и е место (15) погоре на табелата.

 

ПретходноЛидс бега од опасната зона
СледноЛеброн Џејмс успеа без Дончиќ, и на 42 години – „кралот“ е вечен (ВИДЕО)