Урнебесно во Романија: Играчи туркаат амбулантно возило на теренот!(ФОТО)

54
ФОТО:x.com/Emishor

Ете, и тоа го има на Балканот. Неверојатни сцени достојни за филмско сценарио доаѓаат од романскиот фудбал. Натпреварот од втората лига помеѓу екипите на Волунтари и ФК Бихор ќе се памети не толку по играта, колку по два инцидента – прво еден играч беше сериозно повреден, а потоа другите играчи мораа да го туркаат амбулантното возило.
Како што објави познатиот романски спортски новинар Емануел Росу, силниот дожд ја претвори тревата на стадионот во вистинско мочуриште. Ситуацијата ескалираше кратко пред последниот свиреж, кога сериозно се повреди Александру Гица, кој, според првичните истраги, претрпел фрактура на тибијата и фибулата. Тешките услови го направија натпреварот исклучително тежок, но вистинската драма допрва дојде. За да му се пружи итна помош на повредениот играч, на теренот мораше да влезе амбулантно возило. Сепак, поради катастрофалната состојба на теренот, амбулантното возило безнадежно се заглави во калта и не можеше да се движи. Во тој момент се случи најнеобичната сцена. За да го извлечат возилото, играчите од двата тима мораа да ги здружат силите и буквално да почнат да го туркаат амбулантното возило низ уништениот терен.
Инаку, Волунтари го доби натпреварот со 2:1, а гостите го завршија натпреварот со играч помалку.

ПретходноСекуловски: Максимален пристап за конечен успех на крајот од гостувањето во Скопје
СледноНено со девет поени придонесе за победата на Баерн