Секуловски: Максимален пристап за конечен успех на крајот од гостувањето во Скопје

57

Во рамките од 30. ПМФЛ тековно коло, утре во Скопје, на гостување кај тимот на Работнички, доаѓа екипата на Пелистер.

Ова е дуел на два тима кои што во моментов се борат да обезбедат опстанок, што по директен пат што по бараж, и ќе видиме како на крајот ќе изгледа конечната табела.

Во меѓувреме, утрешниот меч е сериозен испит за обете екипи, а бодовите императив.

Тренерот на Пелистер, Мане Секуловски е уверен дека неговиот тим е максимално подготвен и дека утре атакува на полн плен.

„Максимален респект кон противникот. Квалитетен противник, спој на младост, искуство и интернационални играчи. Наша задача е да одиграме максимално борбено и ангажирано, со максимална тактичка дисциплина во играта од почеток до крај на натпреварот. Да ги неутрализираме нивните квалитети во играта, и да ги искористиме нивните недостатоци во играта, слаби страни кои секоја екипа ги има. Со квалитетен пристап од почеток до крај на натпреварот да направиме да се радуваме сите заедно по завршувањето на натпреварот.“ – изјави Мане Секуловски.

ПретходноВасоски: Добар натпревар како најава за најважниот дуел сезонава за нас
СледноУрнебесно во Романија: Играчи туркаат амбулантно возило на теренот!(ФОТО)