ВМФЛ: Златна победа на Брегалница, Скопје подобар од Охрид, Шкендија (А) го декласира Вардар (Н)

664
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Попладнево се одиграа седум меча од 27.коло во ВМФЛ. Лидерот Брегалница освои златни три бода во Струмица славејќи против Беласица со 0:1 и тоа со голот на Михолов во 79.минута. Прво Капсаров шутираше од белата точка, домашниот голман ја одби топката, натрча Михолов и ја затресе мрежата на струмичани за голема, златна победа на штипските “сини“ кои имаат на три кола до крајот имаат 64 бода, односно +2 пред Скопје и Шкендија (А).

На Автокоманда и тоа како беше „жешко“. Скопје успеа да го победи Охрид со 1:0 и тоа со гол во раната фаза од средбата. Во финишот мешаница на теренот кој за среќа не се изроди во поголен инцидент. Поостро фаулиран беше еден домашен фудбалер по што се изроди мешаница во кој учествуваа двете клупи, играчите на теренот, но за среќа припадниците на МВР не дозволија поголем инцидент.

Со овој пораз се чини дека Охрид ги загуби шансите не само за директен пласман во ПМФЛ туку и за баражот.

Шкендија (А) очекувано со 8:2 го победи Вардар (Н) и со тоа остана во игра за првата позиција ако се знае дека во следното коло гостува кај Брегалница.

Утре од 16 часот играат Г.Коњари и Преспа.

РЕЗУЛТАТИ – 27.КОЛО

Победа – Тетекс 0:3

Осогово – Кожув 0:1

Шкендија (А) – Вардар (Н) 8:2

Беласица – Брегалница 0:1

Слога (В) – Новаци 0:2

Детонит – Саса 0:0

Скопје – Охрид 1:0

УТРЕ, 03.05.2026 (16 Ч)

Г. Коњари – Преспа

ТАБЕЛА

Брегалница 64, Скопје 62, Шкендија (А) 62, Охрид 59…

ПретходноВардар го мина и Башкими, уште три пречки до шампионската титула (ВИДЕО)
СледноМирко Ивановски му донесе „златно“ реми на Пелистер во Скопје