Следното издание на Африканскиот куп на нации ќе се игра на лето

123

Следното издание на Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 19 јуни до 17 јули 2027 година, објави денес Африканската фудбалска конфедерација (CAF).

Како што објави АФЦ, турнирот во Кенија, Танзанија и Уганда ќе се игра во текот на летото, наместо во јануари и февруари како што е вообичаено со децении.

Следното Африканско првенство за првпат ќе го организираат три земји заедно, а како што е објавено денес, ждрепката за квалификациите за следниот АФКОН ќе се одржи на 19 мај.

ПретходноОјлески: Чувстувавме притисок, но надминавме се, знаевме дека ќе биде тешко
СледноФото за историја: Охридската европска бајка продолжува, на ред е пехарот!