Бернардо Силва на пат за Истанбул!?

128

Речиси секоја голема звезда на светскиот фудбал, на залезот на својата кариера, заминува или на Блискиот исток, или пак прифаќа сериозна понуда од Турција. Фудбалот во оваа земја е на сериозно ниво, и нема намера да сопре во својот развој.

Па така, во огромниот број на звезди кои што играат во Турција, од следното лето можно е да им се приклучи и Бернардо Силва. Капитенот на Манчестер Сити добива сериозна понуда од Галатасарај, каде што се знае дека парите не се проблем.

Токму затоа, изгледите португалецот да се пресели во Истанбул се огромни. Особено ако се знае дека во споредба со фудбалот кој се игра на Блискиот исток, евентуално САД, оној во Турција е на далеку повисоко ниво, тогаш секако дека ова е прва опција за многумина.

Менаџерот на Силва, Жорж Мендеш веќе бил контактиран од претставниците на Галатасарај, а дали наскоро ќе има и договор, останува да видиме.

ПретходноМурињо има специфична клаузула која ќе му го олесни патот за Реал Мадрид
СледноКарвахал се повреди, што значи тоа за неговата иднина!?