Добри вести од Барселона, Рафиња и Бернал се враќаат во составот

36
ФОТО: FC Barcelona/FB

Екипата на Барселона вечерва игра исклучително важен меч на гостувањето кај Осасуна во рамките од новото коло во Примера. Мечот кој што стартува од 21:00 часот за Каталонците можно е да значи и трета титула во последните четири години доколку тие победат, а Реал Мадрид не победи кај Еспањол утре.

Тренерот Ханси Флик за овој дуел конечно ќе ги има на располагање Рафиља и Марк Бернал.

И обајцата беа повредени, но се враќаат во тимот, а како што стојат работите можно е да добијат и минутажа.

Рафиња ја повреди задната ложа за време на престојот со репрезентацијата, додека Бернал се повреди против Алтетико Мадрид на мечот одигран на 4 март.

 

 

ПретходноФИФА: ЖФК Љуботен нема право на трансфер во следните три преодни рока
СледноВиљареал со убав триумф над Леванте