Интер ја запечати титулата: Победа над Парма вредна Скудето!

59
фото: Inter (X)

Фудбалерите на Интер славеа против Парма сод 2:0 во натпреварот од 35-тото коло од италијанската Серија А и официјално станаа нов шампион на Италија.

Со вечерашната победа, екипата на Кристијан Киву и математички ја обезбеди новата, 21-ва титула во италијанското првенство во историјата на клубот и заслужено го заработи епитетот најдобар тим во земјата.

Моментот за такво нешто се очекуваше веќе неколку недели, особено по неуспесите на Наполи и Милан. Интер денеска одигра цврсто, тактички мудро, чекајќи ја својата шанса за гол. Во првата минута од судиското продолжение Турам погоди за 1:0, по што во вториот дел искусниот Мхитаркан во 80. минута само ја потврди шампионската победа за „нероаѕурите“.

На три кола до крајот Интер има незадржливи 12 бода предност пред Наполи.

ПретходноАрсенал во вторник урива историски рекорд – најмногу победи во една сезона!
СледноРеал со победа над Еспањол ја одложи прославата на Барселона