Реал со победа над Еспањол ја одложи прославата на Барселона

38
фото: Real Madrid C.F. (X)

Реал славеше во Барселона против Еспањол со 2:0 во последниот вечерашен дуел од тековното коло во Ла Лига и не им дозволија на фудбалерите на Барса да почнат да ја слават шампионската титула уште вечерва.

Реал во меч во кој Винисиус Жуниор имаше свој ден, успеа да најде начин да ги грабне трите бода на ова гостување и да не дозволи лутиот ривал уште на четири кола пред крајот на сезоната да биде првак.

Одлуката вечерва падна во период од само 11 минути. винисиус погоди во 55. минута за 0:1, а по асистенција на Белингем, Бразилецот во 66. минута го постигна и вториот гол со кој ги постави конечните 0:2.

ПретходноИнтер ја запечати титулата: Победа над Парма вредна Скудето!