Чудесниот Ален за победа на Кивленд во мајсторката со Торонто!

81
ФОТО:facebook.com/Cavs/

Кливленд Кавалирс се квалификуваа во втората рунда од плејофот на НБА. Тимот од Охајо победи во решавачкиот, седми натпревар против Торонто Репторс во недела навечер, со 114-102. Во следната рунда ги очекуваат Детроит Пистонс, најдобриот тим во Источната конференција од регуларната сезона.
Интересно е што Пистонс исто така одиграа мајсторка, победувајќи го Орландо Меџик, па двата тима ќе влезат во серијата доста исцрпени. За Кавалирс ова е трет последователен пласман во втората рунда, но тие сè уште чекаат на првото финале на конференцијата по заминувањето на Леброн Џејмс во 2018 година. Колку беше изедначена серијата најдобро покажува фактот дека на полувремето од седмиот натпревар, двата тима беа целосно изедначени, и Кавалирс и Репторс постигнаа 716 поени во серијата со речиси идентичен процент на шутирање (47 проценти). Сепак, во продолжението, домаќините го добија натпреварот. Донован Мичел го фати ритамот во вистинскиот момент и ја започна серијата со која Кавс стигнаа до +9, а клучната тројка за двоцифрена предност ја погоди Сем Мерил. Репторс не можеа да се вратат, Макс Струс му ја украде топката на Скоти Барнс, а Џарет Ален заби на контра за дополнително раздвојување. До крајот на третата четвртина, предноста порасна на +19 и прашањето за победникот беше решено. Најдобар поединец на натпреварот беше токму Ален, кој доминираше под кошот во стилот на Шекил О’Нил. Тој го заврши натпреварот со 22 поени (7/11 шут), дури 19 скока и три блокади, заедно со осум офанзивни скока. Мичел исто така постигна 22 поени, додека Џејмс Харден додаде 18. За Репторс, Барнс беше најдобар со 24 поени.

ПретходноРеал со победа над Еспањол ја одложи прославата на Барселона
СледноМилано синоќа “гореше“: Вака се славеше 21-та титула на Интер!(ВИДЕО)