Милано синоќа “гореше“: Вака се славеше 21-та титула на Интер!(ВИДЕО)

243
ФОТО:.facebook.com/Inter/

Интер е шампион на Италија, по 21.пат. Откако ја победи Парма на преполниот “Меаца“ со 2:0 славјето можеше да почне.Прво на култниот стадион а потоа и по улиците на Милано, а централната прослава бешем јасно на Пјаца Дуомо, каде беа поздравени фановите на гигантот од капитенот Лауртаро Мартинез и неговите соиграчи. Уште една титула, мега – успех на Кристијан Киву како тренер кој беше дел од таа златна генерација на Интер, со Горан Пандев и останатите, кои ја освоија триплетата.

Нема што, уште една потврда дека во моментов ГРАНДЕ ИНТЕР, едноставно нема конкуренција во Италија.

Милан, Наполи, Јувентус, Рома, Аталанта…бадијала се силеа пред стартот на сезоната. Само еден клуб е ГРАНДЕ, а тоа е Интер.



ПретходноЧудесниот Ален за победа на Кивленд во мајсторката со Торонто!
СледноХерера и Шишковски со Борац Бања Лука се шампиони на БиХ!