Карик го “краде“ помошникот на Компани?!

203
фото: Manchester Utd (X)

Дали ќе видиме интересен трансфер, кој не е поврзан со играч туку со помошен тренер? Сè уште постои неизвесност дали Мајкл Карик ќе го предводи Манчестер Јунајтед следната сезона, а додека се чека одговор на тоа прашање, „Teamtalk“ објави дека младиот англиски стручњак веќе подготвува стратегија за летото, што вклучува зајакнување на тренерскиот штаб.
Според извештаите, планот на Карик е да го доведе Арон Данкс, десната рака на Винсент Компани и човекот кој, заедно со главниот тренер, е најзаслужен за одличните настапи на Баерн Минхен во тековната сезона.
Говориме за 42-годишниот тренер кој е долгогодишен соработник на Компани, а кој го привлече вниманието кон себе работејќи во младинската репрезентација на Англија пред да му се придружи на сегашниот тренер на Баерн во Андерлехт.
Потоа Данкс продолжи со тренинзите во Англија, работејќи во Астон Вила и Мидлсбро пред да се упати кон Минхен во 2024 година каде што тој и Компани ќе го вратат Баерн во нивната поранешна слава откако беа симнати од тронот од Баер Леверкузен.
Данкс го предводеше Баерн на гостински терен против ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите во вторник вечерта, каде што се покажа како добар тактичар во отсуство на Компани поради суспензија.
Истиот извор додава дека Јунајтед веќе сериозно ја сфатил идејата на Карик и работи на реализација на идејата на тренерот чие останување на клупата на „црвените ѓаволи“ сè уште се дискутира.

ПретходноЖФК Скопје е нов шампион во женска конкуренција
СледноТодороски со два гола и донесе реми на ТСЦ Бачка Топола