ЖФК Скопје е нов шампион во женска конкуренција

136

На 4 кола до крајот на првенството, екипата на ЖФК Скопје и официјално е новиот шампион на Македонија во женска конкуренција. Фудбалерките на ЖФК Скопје во моментов имаат 18 бода предност пред второпласираниот тим Тиверија, откако во тековното коло со 8.0 ја совладаа екипата на Топ Гол.

Скопје ја освојува својата прва титула од 2019 година, кога сè уште се викаше Драгон. Ако на оваа титула се додадат и оние на тимот со поранешното име, тоа е вкупно петтата титула за овој клуб.

ПретходноКрива Паланка на само една победа до шампионската титула
СледноКарик го “краде“ помошникот на Компани?!