Во турското финале во женската Лига на шампиони на ЦЕВ, екипата на Вакифбанк по седмипат во својата историја ја освои европската титула. Вакифбанк вечерва во Истанбул пред повеќе од 10.000 гледачи во големото финале на ЛШ го совлада својот лут ривал Езачибаши со 3:1 (25-20, 25-21, 21-25, 25-18) и повторно ја покори Европа.
Српската репрезентативка Тијана Бошковиќ беше предводничка на новиот европски шампион со 33 реализирани поени, а веднаш до неа беше и Марина Маркова со 26 поени.
Кај екипата на Езачибаши најефикасна беше турската репрезентативка Каракурт која застана на 20 поени.
Во малото финале се сретнаа италијанските учесници на овој Ф4, Конељано и Скандичи, а победата им припадна на одбојкарките на Конељано кои славеа со 3:0.










