Иџе победник на престижната трка во Котор

81

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе е победник на престижната меѓународна ридско-брзинска трка во Котор, една од најатрактивните и најпосетени трки во регионот.

Во паузата од настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), Стефановски ја прифати поканата на организаторите и успеа да биде најдобар на трка на која се појавија вкупно 134 натпреварувачи.

Трката ја организираа Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора и АМСК Котор и претставува важен настан што се бодува за шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите.

ПретходноСинер доминираше во Мадрид и го освои петтиот Мастерс 1000
СледноВерона му украде бод на Јувентус (ВИДЕО)