Пилиповиќ: Капа доле за овие момци! Одиме по трофејот!

190
Фото: ГРК Охрид

Кристиан Пилиповиќ уште еднаш потврди дека ГРК Охрид направи одлична работа што го потпиша. И овој пат голманот на езерскиот тим беше клучен за нова радост, запиша 11 одбрани (еден пенал) во регуларниот дел, плус два седмерци во најважниот дел кога пеналите го одлучуваат патникот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

„Капа до под за овие момци. Можеби некој има лоша фаза, па друг се истакна. Во последните десет минути мислам дека секоја топка ја имав на рака, ќе ја допрев па ќе влезеше. Од друга страна, ги дадовме сите голови и така ни се врати ова како екипа која победи. Благодарност до навивачите и градот Охрид, бидејќи не носеа кога притисокот беше ненормално голем. 

Ова е огромен успех за Охрид. Целје е сериозна екипа, ќе видите за година-две цела прва постава ќе игра во Лигата на шампионите. Во финалето одиме да победиме. Татабања повеќе ќе ни одговара од Целје, поискусна екипа е како нас“, изјави Пилиповиќ. 

За трофејот ГРК Охрид ќе се бори против Татабања, датумите се познати 23/24 мај првиот натпревар, додека вториот е закажан за 30/31 мај. На ждрепка ќе биде одреден домаќинот на првиот меч.

ПретходноТомовски е ѕидот на Битигхајм, нашиот голман е во топ форма пред најважните мечеви!
СледноСерафимов е дел од историја, Левски за првпат после 17 години стана првак (ВИДЕО)