Томовски е ѕидот на Битигхајм, нашиот голман е во топ форма пред најважните мечеви!

103
Фото: SG BBM Bietigheim

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томомовски продолжува да блеска, а неговиот тим да победува. Битигхајм на домашен терен славеше убедлив триумф против Ајнтрахт од 30-37 и дојде до 24-та победа оваа сезона. Со овие бодови томот на репрезентативецот остана на врвот на табелата.

Томовски кој речиси целиот меч го мина на голот на Битигхајм, повторно беше во форма, овој пат зад неговото име запише 11 интервенции, две од седум метри.

Дел од неговите одбрани можете да видите на следниот ЛИНК. 

Одличните партии на Томовски доаѓаат во вистинско време, Македонија ја чекаат два бараж натпревари против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година.

ПретходноТинејџерот Антонели ја освои третата пол позиција по ред
СледноПилиповиќ: Капа доле за овие момци! Одиме по трофејот!