Одбојкарките на Вакифбанк пред 10.000 навивачи во Истанбул станаа нови европски шампионки

42

Во турското финале во женската Лига на шампиони на ЦЕВ, екипата на Вакифбанк по седмипат во својата историја ја освои европската титула. Вакифбанк вечерва во Истанбул пред повеќе од 10.000 гледачи во големото финале на ЛШ го совлада својот лут ривал Езачибаши со 3:1 (25-20, 25-21, 21-25, 25-18) и повторно ја покори Европа.

Српската репрезентативка Тијана Бошковиќ беше предводничка на новиот европски шампион со 33 реализирани поени, а веднаш до неа беше и Марина Маркова со 26 поени.

Кај екипата на Езачибаши најефикасна беше турската репрезентативка Каракурт која застана на 20 поени.

Во малото финале се сретнаа италијанските учесници на овој Ф4, Конељано и Скандичи, а победата им припадна на одбојкарките на Конељано кои славеа со 3:0.

ПретходноТотенхем ја оствари најважната победа сезонава во борбата за опстанок!
СледноАрсенал во вторник урива историски рекорд – најмногу победи во една сезона!