По елиминацијата од Детроит во првата рунда на плеј-офот во НБА лигата, Орландо Меџик го отпушти главниот тренер Џамал Мозли. Неговиот мандат во клубот заврши по пет сезони.
Во тековната сезона, Орландо повторно доживеа испаѓање во првото коло од плеј-офот, откако синоќа загуби во седмиот натпревар против Детроит, и покрај водството од 3-1 кое го имаше во серијата. Овој пораз го означи нивното трето последователно елиминирање на почетокот од плејофот.
Сепак, Мозли нема долго да биде без работа. Тој може да ја продолжи кариерата во Њу Орлеанс. Според инсајдер Мајкл Ското, Пеликанс го разгледуваат како кандидат за испразнетото тренерско место.










