Сега и официјално. Борац Бања Лука ја врати титулата во своите витрини и е шампион на својата земја. Па така и нашите репрезентативци Себастијан Херера и Дамјан Шишковски се шампиони заедно со својот Борац Бања Лука.
Инаку Борац синоќа на “Кошево“ во Сараево стави печат на титулата со победата над Сараево со 0:1. Тимот на Херера и Шишковски има +13 бодови предност пред Зрињски по 32.коло и со тоа ја “завери“ титулата.
Инаку синоќа на “Кошево“ во “македонското дерби“ настапија Агон Елези кај Сараево и Себастијан Херера кај Борац. Кај домашните во протоколот го немаше Стефан Ристовски, а Дамјан Шишковски кај гостите остана на клупата.










