Лаутаро: Дадовме се од себе во и надвор од теренот за титулата

54

Интер е новиот шампион во Серија А. Клубот од Милано е освојувач на титулата откако викендов ма домашен терен ја совлада Парма со 2:0 со што и математички го освои пехарот.

Еден од главните протагонисти во тимот на Интер во моментов, и човекот кој што има голем удел во успесите на клубот во последно време, аргентинецот, Лаутаро Мартинез, сподели во јавноста посебни емоции околу последниот успех на клубот.

„Сега сме толку среќни. Не беше лесно да се започне одново по сезона во која ги загубивме сите натпреварувања во кои игравме, па сè до финалето, но јас сум многу среќен со оваа титула. Ова беше многу важна цел за нас. Многу луѓе можеби не нè сметаа за фаворити, со оглед на тоа што се случи минатата сезона, но работевме неверојатно напорно на и надвор од теренот. Со години играме многу добро и во Серија А, и во Европа, стигнувајќи до две финалиња на Лигата на шампионите за три години. Мора да продолжиме по овој пат бидејќи по победата најважно е да се продолжи со обидите да се подобриме. Во толку избалансирана лига како оваа, успеавме да го задржиме нашиот фокус како група и тоа е она што најмногу ме импресионира единството на овој тим“ – изјави Лаутаро по освојувањето на пехарот.

 

ПретходноФИФА го повика Иран на разговори во Швајцарија
СледноБорче Јаневски на средба со претседателот на FIS Јохан Илиаш