Фоден уште долго во Манчестер Сити

114
ФОТО: Manchester City/FB

Фил Фоден има понуда од Манчестер Сити за нов договор и истата ќе ја прифати најверојатно.

Актуелниот договор на еден од најдобрите англиски играчи во последната декада е до 2027 година но новиот ќе биде до 2030 година.

Фоден е дете на Манчестер Сити, а дебитираше за првиот тим во 2017 година, кога имаше 17 години. До денес, тој има 365 настапи за „Граѓаните“, освојувајќи шест титули во лигата, Лигата на шампионите, два трофеи во ФА Купот и пет Карабао Купови.

Иако во моментов го нема статусот на стартер во Манчестер Сити, сепак, клубот и тоа као знае што значи Фоден за клубот и нема намера да се откаже од играчот кој периодов е сериозна карика во ростерот.

 

ПретходноКуња нема повеќе да игра за Јунајтед поради Мундијалот и Бразил
СледноЕдин Терзиќ е нов тренер на Атлетик Билбао